Петар Печков
Објавено: среда, 15 октомври 2014
По повод 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладот, прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“ АД од Велес донирапе производи од својот асортиман на Црвениот Крст на општина Велес.
Цел е да им се помогне на најсиромашните семејства, посебно од руралните области, кои се соочуваат со проблем за обезбедување на основните потреби за храна. Маслодајна донираше 60 литри зејтин, 47 парчиња маргарин софт и 15 кутии зачин.
Во оваа хуманитарна акција ќе се вклучат и вработените на „Благој Ѓорев“, давајќи значаен придонес во напорите за создавање на подобар свет. Се надеваме дека оваа добротворна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за гладните лица, како и дека барем малку ќе ја ублажи потребата за храна и ќе им помогне на оние на кои ваквата помош им е најмногу потребна – изјави генералниот директор на Благој Ѓорев, Горан Лазов.
Tweet |