Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јануари 2018
Од 27-ми декември велешани не знаат каков воздух дишат. И покрај тоа што локалните власти на Велес реагирале дo Министерството за животна средина, од таму засега нема доказ дека тие нешто презеле. Бидејќи и натаму нивната апаратура во градот не работи.
Само од МЖС кажаа дека имаат проблеми со мерните апарати, но резултати и натаму нема. Поточно не се покажуваат вредностите за ПМ 10 честичките, кои се опасни по здравјето.
Вредностите на чад и ЅО2 се со ниски вредности. Пред десетина дена за ваквата состојба реагираше и екологистот од ЕГ ,,Зелена сила,, Игор Смилев.
Во зимава, во најголемото загадување, ние не знаеме каков воздух дишеме. Мерните инструменти повеќе грешат, не работат и не покажуваат каков е квалитетот на воздухот, што е недозволиво - вели Игор Смилев од ЕГ ,,Зелена сила,,.
Надлежните од локалната власт ја предупредija јавноста во градот, да не се залажуваат и не ги споделуваат вредностите кои ги покажува апликацијата ,,Мој воздух,,. Тој не ги мери суспендираните честички, популарните ПМ 10. Затоа се покажува дека квалитетот на воздухот во Велес е добар до одличен.
Tweet |