речник контакт

Знамето на Македонија во НАТО се развиори во Брисел, го кренаа двајца велешани (фото)

Историскиот момент на кој се чекаше 30 години го извршија офицерите на АРМ Петре Домазетов и Круме Велков 🇲🇰

Петар Печков

„Патот беше долг и тежок, а наградата ја заслуживме. Да се запише дека денеска е ден за паметење, ден – историја“, рече премиерот Оливер Спасовски, кој со сите членови на Владата го следеше овој историски момент од Скопје, кога македонското знаме се развиори во Брисел. 

Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа по  години посветеност и заложба за реформите изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.

А  историскиот чин на кревањето на македонското знаме пред седиштето на НАТО во Брисел, ТрМр ви открива дека  го изведоа двајца велешани потполковник Петре Домазетов и полковник Круме Велков. Тие се членови на мисијата на АРМ во НАТО во Брисел. 

Овој момент кој се чекаше 30 години,  се случи во 15 часот со интонирање на нашата, а потоа и на химната на Алијансата, по што знамето на Република Северна Македонија се развеа во Брисел до знамињата на земјите членки во најмоќниот воен сојуз во светот, помеѓу тие на Холандија и на Норвешка.

Со церемонијата на кревање на македонското знаме во седиштето на НАТО во Брисел се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »