Никола Солев
Објавено: недела, 16 април 2006
Зоран Димов од Велес е победник на денешниот натпревар во планинарско трчање. Тој за 1 час и 44 минути ја истрча патеката долга 19 километри од ОУ „Кочо Рацин“ низ Водно до планинарскиот дом „Пеони“ на Матка. „Тешко беше, првата половина е тешка“, изјави Зоран Димов, планинар. Утринава тргнаа околу двеста планинари, членови на планинарски клубови и рекреативци. Најупорните стигнаа со трчање, а имаше и такви кои си ја скратија патеката. Тие со чамец беа пренесени до планинарскиот дом. „Одлично беше, цело време сонце. Планинарам 25 години и тоа ме одржува, немам никакви здравствени проблеми“, изјави планинар. Натпреварот во планинарско трчање се одржува по втор пат во организација на Македонската планинарска асоцијација. „Предвидени се девет кола; се надеваме дека, како и минатата година, сите ќе бидат успешно завршени“, вели, Јосиф Анчевски, Македонската планинарска асоцијација. За расположението на натпреварувачите се погрижија неколку културно уметнички друштва. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=61399]A1[/url]
Tweet |