Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јули 2024
Новиот ракометен суперлигаш, РК Бисинов од Велес со ново засилување за претстојната сезона. Левото крило Зоран Стојановски се враќа во родниот Велес, но за помладиот лигаш.
Тој претходната сезона нaстапуваше за екипата на К Радовиш, претходно за РК Тивеш, РК Голден арт, на почетоците на неговата кариера се за РК Борец кога беше член на Супер лигата.
Стојановски е второто засилување за новиот суперлигаш Бисинов. Велешани претходно се засилија со десното крило Мартин Димов, кој дојде од составот на Пролет, па се покриени на крилните позиции.
Од клубот најавија дека примарна задача при засилувањето на составот, ќе биде да ги вратат ракометарите од Велес кои настапуваат за други клубови од земјава.
Tweet |