Петар Печков
Објавено: сабота, 21 април 2012
Месноста Црн камен се наоѓа во пределот кај велешани познат како Пресвета. Тој според научните истражувања е еколошки најчистиот дел на Велес, иако се околу него е со многу кратно загадена почва од работата на Топилницата.
Ова го покажуваат резултатите на повеќе научни истражувања за квалитетот на почвата во велешко. Но научниците имаат објаснување за ова ,,чудо,, каде што зелечукот, младиот кромид, марулата,доматите, пиперките и овошјето, кајсиите, праските, црешите се со висок квалитет и без тешки метали.
Пресвета е дел од клисурата каде минува Вардар, започнува од вливот на Тополка во Вардар а завршува на вливот на Бабуна во Вардар, во должина од два километри. Стручњаците ова го толкуваат со тоа што облаците со тешки метали, додека работеше Топилница се качуваат високо, поради воздушниот притисок создаден од клисурата, го прелетуваат овој дел за потоа да тешки метали ги истурат во блиското село Караслари.
Иако тоа е десетина километри, истражувањата покажале дека во тамошната земја и земјоделски производи има високи концентрации на олово и кадмиум, во Пресвета нема и стручњаците препорачуваат од тука велешани да купуваат храна. Така бавчите на Јулика, Виларови бавчи, како што велешани ги знаат се со најквалитетни производи.
Tweet |