речник контакт

Зошто кавадарчанец се дал во бегство, кога полицијата го сопрела неговиот автомобил

Во бегство се дале три лица, па полицијата со истрел од пиштол во воздух ги сопирала а едно и уапсила

Петар Печков

Саботата вечер велешката полиција, со пукање во воздух од пиштол, сопирала лице кое се дало во бегство. Зошто М.К. (39 год) од Кавадарци  бегал од информацијата на СВР Велес.

„По претходни оперативни сознанија преземени се мерки за пронаоѓање и фаќање на сторители на кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. Околу 21 ч. во Велес, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фиат пунто“ со валандовски регистарски ознаки, во кое биле три лица и кои во тој момент го напуштиле возилото. Откако не застанале на дадена наредба, полициски службеник од службен пиштол испукал еден предупредувачки куршум во воздух, по што М.К. бил фатен и кај него било пронајдено и одземено поголемо најлонско пакување со НН зелена тревкаста материја. М.К. бил задржан во полициска станица“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

За случајот  известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот полицијата ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »