Петар Печков
Објавено: сабота, 17 ноември 2012
Кога луѓето почнале да ги следат ураганите и да известуваат за нив, исто така познати како тропски циклони, се обидуваат и да ги идентификуваат. До 20 век весниците и прогнозерите во САД замислиле имиња за бурите и тие имиња упатувале на временскиот период, географската положба или интензитетот. Така ја имавме бурата Галвестон во 1900 година, ураганот Празник на трудот во 1935 година, како и бурата Големи езера во 1913 година. Во меѓувреме, ураганите во Западна Индија биле прогласувани според католички свети денови.
Австралискиот метеоролог Клемент Враге на тропските циклони почнал да доделува имиња кон крајот на 19 век, во почетокот користејќи букви на грчката азубка алфабета, или според ликови на грчката и римската митологија. Тој подоцна почнал да користи имиња на луѓе.
Во текот на Втората светска војна, метеоролозите кои работеле за американските воздушни сили и морнарицата, ги цртале своите прогнози на бури над Пацификот, па неформално во чест на своите девојки и сопруги ги нарекувале според нивните имиња. Во 1945 година новооснованиот Американски национален хидрометеоролошки завод, подоцна Национална метеоролошка служба, вовел систем кој користел воена терминологија, но бидејќи до 1953 година опциите биле исцрпени, прифатиле неформална пракса на давање на женски имиња на ураганите. Бидејќи Америка била лидер во областа на временската прогноза и многу други земји почнале да го следат тој пример, пренесуваат агенциите.
До 1960 година, некои феминистки ја проблематизирале оваа состојба, а тоа продолжило и во воените 1970 години, кога американската национална метеоролошка служба била критикувана со тоа дека жените не можат да претставуваат катастрофи, уништување на животи и на заедници.
Во 1979 година тие критики делумно биле прифатени, па на ураганите почнале да се даваат и машки имиња.
Така во последните години имаме пракса имињата на ураганите да се даваат врз основ на листи кои ротираат секои шест години. Во сеќавање секако ќе остане Катрина од 2005 година и Ендрју кој донесе пустош во 1992 година, па тие две имиња се пензионирани.
текстот е преземен од klix.ba
Tweet |