Петар Печков
Објавено: недела, 30 април 2023
Кога директорот на претпријатието наместо со автомобил, одел на работа со чеза. Ова се случува по војната 1945-та и годините потоа, во време кога немало многу автомобили во фирмите во Велес, па некои од раководните луѓе на претпријатијата, за пример кон вработените се превезувале со чеза. Тоа е вид запрежна двоколка влечена од коњ, или коњи. За таков примерот за Ангел Камењаров
„Микарот беше многу добар човек, но и добро ја водеше фирмата „Сточар“. Чаршијата го помни како работлив човек, како другар. Бил пример за раководно лице, за директор, раскажуваат нашите родители за него. Тој не ги делел вработените по ниту еден основ, имало слога. Добро е и денешните директори да го имаат за пример“ -велат велешани за Ангел.
Интересно е што тој по извод е Ангел Камењаров, познат кај велешани како Микарот, додека сите документи му биле како Ангел Саздов.
„Татко ми беше директор на претпријатието „Сточар“ кое освен во велешко имало стока и во Берово, Пехчево. По војната немало многу автомобили во градот и тој на работа одел со чеза и тоа долги години. Имавме расен коњ со кој се превезуваше, кој го чуваше дома, имаше и седло за јавање. Толку бил сплотен со вработените, што татко ми ги носел на традиционалниот излет на Втор мај, на долна Бабуна, цел колектив заедно. При тоа обезбедуваше превоз, чези за сите вработени. На семејна фотографија се гледа дочекот на Новата 1956-та, како слават заедно во некоја кафеана, мислам дека е Црвен крст. Токму на тој ден, 1-ви јануари сум се родил и јас “- се присетува Јордан Камењаров и тој познат кај велешани како Микарот.
Tweet |