Петар Печков
Објавено: петок, 10 јануари 2020
По предлог на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, а со согласност со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, денес извршија именување на нови раководни лица на позициите раководители и нивни заменици. За СВР Велес нов началник е поставен Игор Ангеловски а за дополнителен заменик началник досегашниот началник Злате Јаневски.
Ангеловски е дипломиран дефендолог при Факултетот за безбедност и одбрана на Универзитетот Св. Кирил и Методиј а подоцна е магистер по одбрана. Ангеловски дел од работниот стаж бил во единицата специјални задачи -Тигар, па инспектор во обезбедување на ВИП личности и објекти, инструктор во центарот за обука во Идризово и самостоен инспектор во крим техника во СВР Велес. Новиот началник на СВР Велес Ангеловски има и меѓународни обуки, работа во Северна Каролина САД во 2009-та и во Турција во 2015-та.
На денешната средба со новите началници и нивите заменици Министерот Чулев и дополнителниот заменик министер Петровска потенцираа дека законите мора да се почитуваат и да се исполни основната цел, покрај стандардните за гарантирање на јавниот ред и мир, а тоа е организирањето на мирни, фер и демократски избори на 12 април.
Tweet |