Петар Печков
Објавено: четврток, 23 мај 2024
Институтот за судкс медеицина го идентификувал човечкото тело, кое пред двасетина дена беше пронајдено близу островчето Јаниташ, на реката Вардар, кај Велес.
По извршеното препознавање врз основа на облека и ДНК траги со негови блиски, од страна на Институтот за Судска медицина, утврдено е дека е лицето Г.С (56 год).
Тој беше пронајден во реката на 1 мај, утрото околу 8,30 ч. а вадење на телото беше од страна на полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции при МВР.
Лицето за исчезнато беше пријавено на 17 април, во 14:30 часот од страна на неговиот брат Б.С. (66 год) дека Г.С се оддалечил од домот.
Телото од Судска медицина било предадено на семејството за погреб.
Tweet |