речник контакт

Идните брачни парови од Велес, побрзаа да се венчаат пред 16-ти август

За 12 дена биле регистрирани 22 брака

Петар Печков

Идните брачни парови од Велес и околината, побрзаа деновиве да склопат брак, пред 16-ти август. Од овој ден е задолжителна потврдата за имунизација за присуство на било каков настан. 

Така за 12 дена од месец август во Управата за водење матична евиденција (УВМЕ) во Велес,  склопени биле 22 брака. Споредено во јуни имало 24 за цел месец а во јули 43.   Или  во текот на вчерашното попладне биле склопени пет брака.  

 „Се работи турбо, има голем број на венчавки,  кои се случуваат со закажување во текот на еден ден претходно. Дали на ова влијаеше одлуката за невакцинирани лица да не можат да присуствуваат на било каков настан, не може да се каже, но факт е дека младите доаѓаат и бараат термин за венчавка  од денес за утре“ - велат од  Управата за водење матична евиденција во Велес.   

Минатиот викенд во еден ден имало дури девет венчавки. За да им излезе во пресрет на ваквите барања,  (УВМЕ) дозволила венчавки да се склопуваат секој ден, кога ќе побараат младите, а не како досега во Велес - во  вторник,  петок, сабота, недела.

Најсвечениот чин, венчавката во Велес,  се случува во Ликовниот салон, па вчерашната промоција на научниот труд „Рекламата како текст“ мораше да биде пролонгирана за половина час, наместо во 18 во 18,30 ч. за да завршат сите  пет венчавки.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »