Петар Печков
Објавено: петок, 13 јануари 2023
По реакциите на матичните доктори, дека има недостаток на хартиени формулари, „ИЛ“ образец поради што одреден број на пациенти се останати без матичен доктор, Фондот за здравство воведе новина, електронски избор. Таа е на сила од почетокот на неделава.
„Со воведување на оваа услуга им се олеснува работата на матичните лекари но и на осигурениците кога имаат потреба за избор или промена на матичен лекар. Со воведување на оваа услуга ,матичните лекари веќе ќе немаат потреба да набавуваат ил-обрасци во хартиена форма бидејќи услугата ќе им биде достапна постојано во електронска форма“- информираа од Фондот за Здравство .
Со оваа новина, сите осигуреници можат да ја искористат оваа услуга при изборот, односно промената на матичниот лекар.
„Ова е позитивен чекор, во однос на нашите барања за поголем број електронски услуги, отстранување на хартиените документи. Во пракса значи дека нема да одиме до Фондот за подигнуваме „ИЛ“ обрасци, ќе треба осигурениот да потпише кај матичниот или телефонски да потврди дека извршил негова промена“ - изјави д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватна лекари на Македонија.
Tweet |