Петар Печков
Објавено: среда, 13 јуни 2018
Изминатиот период избрани се двајца директори, откако тие понудиле најдобра програма за работа во две општински образовно- воспитни институции.
Во Детската градинка ,,Димче Мирчев,, избрана е Бранислава Нацева, која изминатите шест месеци ја вршеше функцијата в.д. директор. Таа има завршено Филозофски факултет –психологија о доаѓа од редот на вработените во оваа институција, која својата работа ја прошири и во општина Градско и Чашка а во Велес има шест клона. .
Во ОУ Св. Кирил и Методиј избран е Живко Пренџов кој има завршено Педагошка академија и Факултет за ликовна уметност - графичка насока. Има работено како дизајнер во Нокатекс а од 1996-та е професор по ликовно образование во велешките училишта.
Tweet |