речник контакт

Избрани најдобрите спортисти на Велес за 2008

Кристијан Ефремов, атлетичар на АК „Изгрев“ е спортист на Велес за 2008 година.

Петар Печков

Кристијан Ефремов, атлетичар на АК „Изгрев“ е спортист на Велес за 2008 година. Тој е државен првак на 100, 200, 400 метри и 400 метри со пречки. Ефремов е државен репрезентативец во дел од овие дисциплини и државен рекордер.

Второто место му припадна на Дарко Ранговотов државен репрезенттивец во мал фудбал, член на ФК „Гемиџии“.

Третото место го освои Елена Андреева, одбојкарка на Борец Комерлинг и државна репрезентативка во овој спорт. Натаму на оваа листа се наоѓаат: Маја Нацева ракометарка, Марјан Бабунски кајакар, Ивица Илиев ракометар, Никола Џампалов спортски риболовец, Валерија Ваљак фудбалерка, Димче Андов фудбалер и Елица Радевска голман на ФК Борец.

Во екипните споротви првото емсто го освои кајак кану клубот „Вардар“ пред женскиот ракометен клуб „Леов Бартек“ и трети беа спортсктите риболовци од „Бабуна“.

Награда за тренер во сениорска категорија освои Димче Стефановски во кајак и во Тоше Нацев (фудбал) во млади категории.

Признанија добија и младите спортисти кои не се рангирани но со нивните резултати заслужуваат внимание: Јованче Јанковски атлчетичар, Кристина Наковска ракометарка, Игор Стефановски кајакар, Емилија Ивановска одбојкарка, Костадин Петров велоспедист, Клементина Војдиновска карате, Матеј Митев одбојкар, Мартина Атанасова фудбалерка, Бобан Давчевски мал фудбал и Ивица Лазаровски ракометар.Во екипна младинска конкруанција признанија добија како најдобра екипа Атлетски клуб „Изгрев“ второ место  кајак кану клуб „Вардар“ и трета е женската одбојкарска екипа на Борец Комерлинг. За работата во 2008-та како спротски известувач награда доби новинарот Орце Николов од телевизија Канал 21. Изборот беше направен до Сојузот на спортови на Велес а под покровителство на општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »