речник контакт

Изгоре автомобилот на судијката Гајдова

Ова е трет ваков случај на опожарен автомобил на велешки судија за годинава

Петар Печков

Автомобилот на судијката Габриела Гајдова, во саботата вечер изгоре, пред семејната куќа, каде бил паркиран на адреса Ордан Џинот бр.79. Засега не се познати причините за пожарот, дали е инсталацијата или пак огнот е подметнат. За тоа ќе се знае по  вештачењето на автомобилот.

 Семејството Гајдови кога автомобилот пламнал околу 21 ч., не биле дома. За тоа телефонски ги известиле соседите. Кога дошле виделе дека  е целосно уништен, иако пожарникарите дошле и реагирале бргу. Судијката вели дека додека не го добие  вештачењето,   нема да зборува дали и од кога имала закани по изрфечените пресуди.

Доколку ова е некаква порака до мене, тогаш да кажам јавно дека останувам да работам по законите и прописите и нема да отстапам од ова натаму  - рече Гајдова.  

Автомобилот марка ,,опел астра,, пред месец дена бил на технички преглед, а купен  бил пред пет години. Возен претпладнето а електрониката  не покажувала никакви знаци дека има било каков проблеми во инсталациите. Сопругот на судијката Гајдова, Кирил е член на Советот на општина Велес, од редовите на НСДП и има сопствена фирма.  

Ова е трет случај оваа година за изгорен автомобил на судија.  од Основен суд Велес. На 13-ти а април тогаш тазе пензионираниот екс претседател Ордан Лазаров  му изгоре автомобилот ,,форд фиеста,, за кој тој рече дека е од подметнат оган. На 14-ти октомври изгоре и автомобилот ,,фолксваген пасат,, сопственост на судијата Шевфет Адеми. Досега не е утврдено дали причината е подметнат оган или инсталацијата.

И Адеми и Гајдова постапуваат по кривични предмети во Основен суд Велес.  Од МВР велат дека работат на откривање на причините на опожарувањето на автомобилот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »