Петар Печков
Објавено: понеделник, 16 септември 2019
Куќа која се на улица „Јовче Чучук“ бр. 67 изгоре до темел. Причинета е голема материјална штета, но среќна околност е што нема повредени, станарите избегале од домот на време. Пожарот е забележан околу 9,30 ч. а први на помош притекнале соседите.
Во гаснењето на пожарот беа ангажирани три противпожарни возила и 15 пожарникари, како и цистерна за вода на ЈКП Дервен која вршеше дистрибуција на вода. Спречивме огнот да се прошири кон околните куќи - изјави Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес. Пожарот е ликвидиран околу 11ч.
Очевидци велат дек во куќата имало поголема количина на пластични шишиња,но дали се тие причина за пожарот треба да утврди истрагата од полицијата.
Tweet |