Петар Печков
Објавено: петок, 12 јуни 2015
Македонскиот стрип центар од Велес ја издаде стрип книгата ,,Итар Пејо,, на авторот Диме Илиев Димано. Така скормната македонска стрип сцена е збогатена со едно стрип дело, за народниот јунак. На едно е мсто во овој стрип се собрани и објавени дел од прикаските за народниот итроман, кој се издавани во различни печатени изданија во Македонија, во подолг временски период.
На барање од авторот, издаден е само првиот дел од пообемниот материјал за познатиот народен итроман. Минатиот труд и творечката нестрпливост на доајенот Димано едноставно не натераа да прифатиме ваков гест и предизвик,, конечно Итер Пејо да се најде во стрип книга - изјави Ване Трајков директор на Стрип центар на Македонија-Велес.
Стрип книгата е издадена со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Ова е првиот дел од стрип книгата „ИТАР ПЕЈО “ на авторот Диме Илиев-Димано. Истата може да се набави во стрипарницата „БУНКЕР“ во Скопје.
Tweet |