речник контакт

Излезеноста во 13ч. во Општина Велес е 19 отсто, што е помалку од локалните избори пред четири години

Во Чашка висок одѕив од 40 отсто, во Градско 26 отсто и Лозово 32 отсто

Петар Печков

Излезеноста на гласачите во Општина Велес за Локалните избори, во 13 ч. е 19%  за споредба пред четири години, на локалните избори   било 24,57%. Во општина Велес има запишано 44.950 гласачи. Пред четири години биле запишани 45.892 гласачи. Или годинава има 942 гласачи помалку. 

Во Општина Градско излезеноста за Локалните избори  е 26,01% а за споредба пред четири години, на локалните избори   било 30,15%   Во општина Градско  има запишано3.038 гласачи. Пре четири години биле 3.113 гласачи, што годинава  е за 75 помалку.  

Во Општина Лозово излезеноста за Локалните избори  е 31,86% а за споредба пред четири години, на локалните избори   било 32,50%    Во општина Лозово  има запишано 1.905  гласачи. Пре четири години биле 1.984  гласачи.  Годинава се за 79 гласачи помалку. 

Во Општина Чашка  излезеноста за Локалните избори  е 40,74%  а за споредба пред четири години, на локалните избори   било 30,18%.   Во општина Чашка  има запишано 6.141 гласачи. Пре четири години биле 6.171 гласачи. На овие локални избори има 30 гласачи помналку.

Податоците сe од Државната Изборна Комисија

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »