речник контакт

Излетала со автомобил од пат и починала 19 годишна девојка од светиниколско

Инцидентот се случил на локалниот пат село Пеширево -село Црнилиште. Почина матурантката од КОле Неделковски Теодора Д.

Петар Печков

Вчеравeчер доцна вечерта во сообраќаен инцидент, починала 19 годишна девојка од светиниколско Теоодора Д. Таа била годинава матурантка во средното училиште Коле Неделковски од Велес и на прагот на животот овој инцидент и ги прекинал младешките соништа. МВР со деталите од несреќата со смртни последици. 

„На 6 септемви околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пeширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште, светиниколско, управувајќи патничко возило „сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, излетала од патот. Од здобиените повреди на местото на настанот, Т.Д. починала“ – соопштија од МВР:

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.  Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе. 

Младата девојка ќе биде погребана на 8 септември во родното Црнилиште.  Нејизните соученици се простуваат од другарката. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »