речник контакт

Излетал автомобил од автопат, возачот со тешки телесни повреди

Сообраќајката се случила на автопатот, делница Градско - Неготино

Петар Печков

Вчера, четврток напладне, на автопатот Градско - Неготино, гевгеличанец излетал од коловозот при што се здобил со тешки телесни повреди. Повеќе детали од информацијата на СВР Велес.

„На 4 јануари  во 13.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Градско - Неготино, кај место викано „Црвени Брегови“, патничко моторно возило „рено меган“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37 год) од село Миравци, гевгелиско, излетало од коловозот“ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »