Петар Печков
Објавено: среда, 19 август 2020
Богомилчанец, кој живее во Скопје, враќајќи се од родното место, излетал од патот и удрил во ограда, после наплатната рампа Отовица. Поради специфичните повреди, пренесен е на Ургентен во Скопје.
Вторникот во 12.40 часот било пријавено дека на автопат Велес- Скопје, во близина на мостот Отовица, С.Г.(62) од Скопје, управувајќи патничко возило „југо“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда - информираа од МВР.
Први на помош дошле од Итната служба. Според началникот на Брзата помош, д-р Васе Пановска, на повредениот му е дадена неопходната помош и веднаш бил префрлен во велешката Болница.
Кај повредениот извршени се снимања и претраги, по што е констатирано дека има повреди на граден кош, `рбет,врат па поради специфичноста на повредите префрлен на Ургентен во Скопје -изјави д-р Весна Николовска Неделкова.
Tweet |