речник контакт

Изложбата на црно бели фотографии од Велес, повторно во Ликовниот салон

Откако прошета низ Македонија изложбата повторно е пред велешани. За нејзе при првото поставување имаше голем интерес.

Петар Печков

На 150 фотографии најстарата од 1863-та до 60-те години од минатиот век, Велес каков што малкумина го знаат,  повторно се пред очите на велешани. Тие се изложени до 13-ти февруари, по барање на публиката. 

Оваа изложба кога беше поставена беше со голема заинтересираност и посета, поради што беше продолжена. Истата ја видоа и во Скопје, Кавадарци и Врање- Србија. Автори се Марјан Клифов и Павлина Василева. Фотографиите се поделени од повеќе периоди, при крајот на 19-тиот век, од економската обнова на градот, неговиот развој.

 Во прилог, неколку фотографии од стар Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »