Петар Печков
Објавено: среда, 10 октомври 2012
Во Народниот музеј на град Велес отворена е самостојната изложба „Средба со несвесното“ на Ана Цветковска Панова, академска графичарка од Скопје која се претставува со 40 графички дела, дигитални принтови.
Авторката дипломирала во 1991 година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, оддел графика, насока графички дизајн, во класата на Зоран Јакимовски, кај кого ги завршува и постдипломските студии. Добитничка е на многу награди и признанија од областа на едукацијата
Tweet |