Петар Печков
Објавено: петок, 28 октомври 2022
Бранкица Јовановска, визуелен уметник, се претставува пред велешката јавност со нејзината изложба „Соочување“. Таа беше отворена вчеравечер во Ликовниот салон во Велес а авторката се преставува со 21 дело, изработени во колаж.
„Можеби темата на делата со кој се претставувам е малце мрачна. Ги претставува демоните кои ги имаме во глава и со кои се соочуваме поради одредени трауми кои сме ги преживеале. Или случки кои ни оставиле лош впечаток, кој бара повеќе борба да се избориме со што сме доживееле“ - кажа авторката.
Бранкица Јордановска работи и како костимограф, сценограф и културен активист. Таа го завршила на Факултетот за ликовни уметности на отсекот за графика во Скопје. Таа е една од основачите на Алтернативниот културен центар „Кула“ кој работеше во периодот од 2014 до 2016 година.
Изложбата е дел од програмата на Народен музеј, е поддржана од Министерството за култура како Проект од национален интерес за годинава.
Tweet |