Петар Печков
Објавено: вторник, 22 ноември 2011
Изложбата е дел од проектот ,,Кич, да или не- сте или не?,,
Маестро Ванчо Ѓорѓиевски е еден од оние македонски сликари што ја внесуваат македонската ликовна уметност меѓу врвните европски мајстори! За неговото сликарство ќе се пишува уште - беше речено во воведот на отварањето на изложбата.
ВАНЧО ЃОРЃИЕВСКИ ( 1924-2009 )
Работел како редовен професор на Педагошката академија во Скопје. Покрај професионалниот ангажман со сликарство и графика, како и со педагошката дејност, Ѓорѓиевски активно делувал и во општествено политичкиот живот, особено во областа за грижа и воспитување на децата и младите.
Остварил повеќе Самостојни изложби во земјата и странство. Бил учесник на бројни групни изложби во Македонија и ширум Европа. Добитник на повеќе врвни награди и општествени признанија.
Дела од Ванчо Ѓорѓиевски се наоѓаат во многу јавни институции, Музеи и Галерии, во приватни колекции низ Македонија, Европа и пошироко.
Tweet |