Петар Печков
Објавено: петок, 27 октомври 2017
Вечерва во Ликовен салон се отвори изложбата на слики на ликовниот уметник Костадин Танчев – Динка. Тој во еден период од животот бил професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, каде предавал графички дизајн. Во Велес се претставува со изложба составена од дела од два негови циклуса ,,Цибрина,, и ,, Траги и време,,. Константин се претстави со 18 слики, масло на платно.
Ова се дел од моите дела од 2000-та година наваму. Изложбата е концепт на две изложби. Во првиот дел – Цибрина е сеќавање на моето детство во метафорична смисла а вториот е преку симболи и знаци од светски фонд на симболи каде врзувам графика, сликарство и дизајн- рече Танчев. Неговите дела претставени пред велешани се работени во период од 15-тина години. Тој е добитник на голем број национални и интернационални награди за уметност и дизајн, како и државни награди и признанија
Вечерва сме опкружени со делата, преку кои професорот комуницира визуелната логика на симболот. Во нив и нивната препознатливост читлив е авторскиот секогаш енергичен дух. Симболот го претставува во еден без временски простор истакнувајќи на неговата универзалност. Создава негов знаковен систем во кој ликовниот јазик на симболите добива димензија ан смиреност а во знаењето секогаш може да се најде поттекст . како што често професорот Динка знае да спомене дека се е енергија, така и просторот и времето во кое егзистираат неговите симболи се без рамки, слободно дишат за да дадат простор на окото да му е убаво а мислата да открива нови значења и поврзувања – Марија Ветероска проф. на ФОН, на Факултетот за дизајн и мултимедија.
Оваа изложба беше претставена во Софија, Анката и Скопје. Костадин Танчев – Динка е роден 1940 година во Валандово. Дипломирал на Белградската Академија за применета уметност во 1967 година. Се занимавал со филмска анимација, театарски сет дизајн, графички дизајн, постери, плакати и слики, а негова потесна специјалност се визуелните комуникации. Од 1984 до 2006 година бил професор на Факултетот за ликовни уметности Универзитет Св.Кирил и Методиј, Скопје.
Tweet |