Петар Печков
Објавено: понеделник, 28 октомври 2024
Во Ликовен салон во Велес отворена е изложба на ликовниот уметник Стефан Хаџи Николов од Скопје. Тој пред велешката јавност се претставува со 38 дела работени во техника масло на платно, освен две кои се масло на дрво.
Повеќето слики се од последниот творечки период 2023/24 година. Бидејќи ова е негова втора изложба во Велес, првата беше во 2009, има дела и од овој меѓу период од 15 години. На сликите преовладува жената и апстрактната уметност, дел од циклусот „Пејзажи на душата“.
„Публиката очекува да види дела од целокупното мое творештво затоа се претставувам со дела од овој период од 15 години. Се надевам дека публиката ќе биде пријатно изненадена. Отсекогаш сум ја работел женската фигура на мој специфичен начин. Продолжувам и натаму. На 60 отсто од сликите се фигури а остатокот се апстрактна уметност, душевни пејзажи“ – кажа Хаџи Николов.
Проектот е на Народен музеј Велес, прифатен од страна на Министерството за култура како дел од годишната програма за остварување на проекти од национален интерес во културата за 2024 година.
„Авторот работи во стил кој е специфичен за него, комбинација на надреализам со фотореалистични-хиперреалистични идеализирани форми на природата, човекот женското тело и слободни обли апстрактни елементи. Боите се дел од изразот јасни екпресивни сино жолто црвено и виолетово зелено кои даваат длабочина и светлина која зрачи од сликите“ – рече Маја Басаровска, промотор на изложбата.
Tweet |