Петар Печков
Објавено: петок, 10 април 2015
Вчеравечер во Ликовниот салон во Велес, беше отворена изложба на Новица Трајковски од Скопје. Наловена е ,,Убава е Македонија,, а тој се претстави до 20 дела со фигуративна и пејсажна содржина.
Сликите на Трајковски со движат од типично пејсажни, до теми од магичното и мистериозното на верскиот симболизам, објасни директорката на велешкиот музеј Елица Николова. Промотор на изложбата беше ликовниот уметник Тања Медарова, која изнијансирано и со многу емоции го претстави авторот, неговите дела и творештво.
Делата на Трајковски се дела на восхит. Неговото сликарството се бави со светлината, со духовната преродба. Тој се препознава во секое човечко суштество, во водата, во дождот, во облаците, во земјата, сликајќи ги автопортретот на егото во себе. За него времето не постои. Овие 20 дела се исто толку ликовни пораки во кои ќе се пронајдеме себеси - рече Медарова. Ова е втора изложба на авторот во Велес, првата беше во 2006-тата.
Крајната цел на сите нас е Божествената љубов. рече авторот Трајковски. Резултатот на мојата работа е пред Вас и со големо задоволство го прикажувам. Уживајте како што јас уживав додека творев. Името, Новица- секогаш нов, ме следи и во сликарството. Секогаш сум нов и на колегите и критичарите им е тешко да ме класифицираат. Не е битен изразот, материјалот, важно е тоа што го нудам - рече Трајковски. Делата се создадени во последните 4-5 години.
Новица Трајковски, роден во Скопје, средно уметничко училичиште завршил во Скопје, каде завршил и Факултет за ликовни уметности- отсек сликарство во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Член е на ДЛУМ. Има реализирано над 40 самостојни изложби, а учествувал на многу групни изложби и колонии. Како гостин на отворањето настапи Орхидеја Дукова, студент во класата на маестро Борис Трајанов, која ја пееше аријата Violetta ''Addio del passato '' од операта '' Traviata '' od Giusepe Verdi., во пијано придружба на Дарко Мартиновски.
Tweet |