Петар Печков
Објавено: петок, 24 јули 2026
Ликовна изложба со музички настап и џез импровизација му се случи на Велес вчеравечер во Ликовниот салон.
Беше поставена изложба на дела на четворицата уметници- Никола Пијанманов, Андреј Митевски, Тони Попов и Стефан Младеновски. Изложбата која беше најавена како мултисензорно доживување е именувана „Фрагменти од несвесното – синергија од звук и слика“. Џез импровизации пред публиката изведоа Славчо Коцев и Бојан Петков-Шамба. Акцент на настанот беше несвесното.
„Секој од авторите твореше и се претстави на свој начин, со свој препознатлив ликовен израз, како што си и работат. Заедничкото беше да се направи изложба каде имаме заедничко доживување на слика и звук. Целта беше да се направат измешани сетилни искуства, во кој публиката можеше да види дела и слушне музика. Авторите сами ги избраа делата од нивното творештво. Заедничко беше несвесното. Идејата беше по теоријата на Фројд и Југ дека творештвото извира од несвесното. Тоа е една од главните теми на творештвото во 21 век, да се покаже темната страна на човекот, деструкцијата, траумите, емоционалните и психолошки растројства“ – кажа Јасмина Котевска, куратор на изложбата
Пјанманов се претстави со слики и две скулптури, Младеновски и Попов со слики, Митевски со скулптури изработени во мермер.
| Tweet |
















