речник контакт

Изложба на минијатури од Момчило Аврамовски во Велес

Тој се претставува со 60-ина минијатури изработени во повеќе техники, кои се пресек на неговото севкупно творештво.

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес вечер е  отворена самостојна изложба на  академскиот сликар Момчило Аврамовски од Куманово. Тој cе претстави 60-ина минијатури изработени во повеќе техники, кои се пресек на неговото севкупно творештво.

Делата ги создавав подолг временски период. Најчесто откривам најразлични елементи во просторот кои потоа ги соединувам или ги растурам, со што ја создавам композицијата која ја нарекувам чуден свет.За обичниот гледач, кој надворешно ги перципира минијатурите, тие се мали слики совршено вклопени во една рамка, но за секој автор минијатурата е макотрпна работа. Минијатурата значи совладување на просторот, вметнување  на композицијата и усогласување на боите како составни елементи, рече Аврамовски.

Тој  дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот сликарство кај проф. Ристо Калчев. Неговата ликовна едукација продолжила на неколку студиски престои во Дизедорф и во Ротердам. Член е на ДЛУК и на ДЛУМ. Имал дваесетина самостојни изложби, а учествувал на над сто групни изложби и  на голем број ликовни колонии

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »