речник контакт

Изложба на пирографот Давор Бошковски во Европската куќа (фото)

Претставени се 44 дела изработени на дрво

Петар Печков

Велешанецот Давор Бошкоски отвори изложба на дела работени во пирографија, тоа е уметност на  горење на дрво со помош на ајва. Авторот ова хоби  го наследил од неговиот татко Петар. На изложбата  која е поставена во Европската куќа, се претставува со 44 дела.

„Ми остана од детството таа слика, кога татко ми твореше а и во Македонија нема многу пирографи и влегов во оваа работа. Инспирацијата што ќе работам ми доаѓа навечер, па станувам, запишувам што идеја сум добил и следниот ден започнувам со реализација. Работам нешто помодерно, поактуелно“ – вели авторот Бошкоски.

За да изработи едно дело со просечна големиа му требале  5 до 6 дена. Но и во зависност од тематиката.  Половината од создадените дела биле продадени, бидејќи за неговата работа и дела, имало интерес и се барале.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »