речник контакт

Изложба на портрети од Украинката Снежана Мелник (фото)

12 женски портрети изработени во акрил на платно

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата на дела  на уметничката од Украина Снежана Мелник. Таа живее и работи во Скопје од 2013-атата година. Нејзиното присуство на колонијата ,,Папрадишки мајстори,, летово, беше повод да се претстави пред велешката публика со самостојна изложба.

Снежана има изработени 12 портретни решенија, во главно лирски интонирани, реализирани со слободен напати експресивен потез, со претставување на формите и колоритот  во  една хармонија. Заплискувајќи не на поголем дел од сликите со топли тонови – рече Елица Николова директор на велешкиот музеј, историчар на  уметноста.    Портретите се работени во техника акрил на платно и масло на платно.  

Осум од портретите се  за Украинска амбасада во Скопје за Денот на независност, три се  Циганки и една Македонка.  Тоа не се конкретни личности, туку  инспирацијата дојде од  женски емоции, како жена што ги доживувам и ги ставам на платно. Сакам да кажам колку не  е едноставен женскиот свет. Бидејќи сум жена ми е полесно да ги  изразам женските чувства.   Втората сесија која ја започнав е поврзана со серија  потрети на мажи – рече Мелник. 

Мелник е родена 1979 во градот Брианка, близу Луганск во Украина. Во 2001 година, дипломира на технолошко економскиот колеџ во Брjанка, на отсекот за модендизајн. Од 2005 до 2011, студира и дипломира на источно украинскиот национален универзитет,на отсекот менаџмент и организација. Во 2013 се преселува во Скопје, Македонија. Во 2015 почнува да посетува курс по цртање и сликање, кај уметничките Жанета Гелевска и Ирина Гапковска. Има реализирано 2 самостојни изложби и учествувано на повеќе групни изложби.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »