Петар Печков
Објавено: недела, 22 јуни 2014
Во Ликовниот салон во Велес премиерно беше отворена изложба на фотографии насловена „ЗАЕДНО“ на Фотокино клуб - Битола и Фото група „Чкрап!“ од Тетово. На изложбата се претставија 13 фотографи со вкупно 45 фотографии.
Целта на оваа изложба е да се раздвижат фотографската сцена во Македонија и на љубителите на уметноста да им се подари пријатно визуелно искуство.
Темата на сите фотографии е различна. Драги Неделчевски од Тетово појаснува дека фотографијата зборува со универзален јазик и дека сите фотографи присутни на изложбата со свои фотографии на свој начин кажуваат нешто за себе, за своите преокупации и интереси и за светот околу нив, оставајќи личен печат.
Од Битола се претставуваат фотографите: Александар Горгиев, Димитар Чунговски, Игор Јанковски, Коста Дупчинов, Виктор Налевски; од Тетово: Драги Неделчевски, Зоран Андов, Мирче Новаковски, Андреја Ѓорѓески, Борче Сиљаноски, Александра Новеска, а од Кавадарци: Цветанка Темкова и Сашко Дете Илов.
Tweet |