Петар Печков
Објавено: петок, 14 август 2026
Во Ликовниот салон во Велес поставена е изложбата „На Земјата ѕвезди, на небото светулки“ на дела од академската сликарка Катерина Поп-Арсова од Скопје. Пред јавноста во Велес се претставува со 25 дела изработени акрил на платно. Повеќето се од изложбата во Скопје а десетина се ново создадени. Во делата преовладува сината боја. Во своето творештво таа ја негува природата како главна инспирација, а својот ликовен израз го определува како магичен реализам.
Во нејзините дела пејзажот станува повеќе од приказ на природата — станува простор на сеќавање и внатрешно доживување. Планините, ноќните предели, ѕвездите и светулките создаваат мистичен свет во кој се преплетуваат земното и небесното, а особено место има Богомила, која за уметницата е силен извор на инспирација.
Катерина Поп-Арсова дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот графика, со конзервација и реставрација, во класата на проф. Димитар Малиданов
фото Народен музеј Велес
| Tweet |












