Петар Печков
Објавено: вторник, 13 октомври 2026
Државниот архив во Велес ја отвори на изложбата „Македонија, Македонците, Македонскиот фронт низ фотообјектив“. Изложбата е подготвена по повод 110-годишнината од формирањето на Македонскиот фронт. Целта e да се претстават сеќавањата - индивидуални, групни, колективни на непосредни учесници на настаните, кои пак сакале да ги зачуваат за Македонија, за Македонците, за соборците на Македонскиот фронт. Изложбата која е патувачка и после Скопје е претставена во Велес, во Ликовниот салон. Еден дел од фографиите се подарок од велешанецот Кирил Вангелов.
„Изложбата е посветена на Првата Светска војна, 1914-1918, која е најразурнувачка. Остави 16 милиони жртви. Беше опфатена територијата на Македонија и Македонците, кои не добија можност за избор или неутралност, тие дожиеаја тешки последици. На почетокот биле мобилизирани 60 илјади од Српската војска, со доаѓањето на Бугарската војска мобилизирани се околу 130 илјади и во Грчката војска околу 20 илјади Македонци. Војуваа на Македонскиот фронт кој се формираше 1915 година, на територија од 450 км, војуваа 1,5 милион војници од сите завојувани армии. Имаше околу 150 илјади починати, 330 илјади ранети и 100 илјади исчезнати. Најголемите битки се водеа и тешки последици оставија на Кајмакчалан на Горничево и кај Црна река. Големо разурнување доживеаја градовите Дојран чии жители беа евакурани по наредба на Бугарската армија поради честитите бомбардирање од силите на Антантата Градот Битола, во 1923 година доби одликуvање „Орден на војната 1914-1918 oд Францускиот министер за oдбрана, заради разрушувањата кои ги дожива во Првата Светска војна. Со тоа се оддадае почит за жртвата која ја дал овој град. Првата Светска фојна ги собра на овој простор и светските фото објективи. Оваа изложба не е посветна на битките и настаните кои се водеа тогаш, туку на спомените на директните учесници на Македонскиот фронт“ – реча Јасминка Дамјановска директор на Државен архив ПЕ Велес.
Македонскиот фронт познат и како Солунски фронт или Јужен, бил фронт на територијата на Македонија, на која што се воделе вооружени судири во текот на Првата светска војна помеѓу силите на Антантата -сојузниците и Централните сили – империјалистички држави, во периодот од октомври 1915 до септември 1918 година.
Фронтот се протегал од демаркационата линија кај Охрид (меѓу градот и манастирот Свети Наум), преку планината Галичица, Преспанското Езеро, сртовите на планините Баба, Ниџе (Кајмакчалан) и Беласица, долж реката Места до Струмскиот Залив во Егејското Море. Јужно од оваа линија биле стационирани силите на Антантата (француски, британски, српски, а подоцна и италијански и грчки единици), а северно од неа се групите на Централните сили (бугарски, германски и австроунгарски единици).
| Tweet |






