Петар Печков
Објавено: недела, 16 декември 2018
Во ликовниот салон во Велес отворена е изложбата „Брутална вистина или Баханалии“ на ликовниот уметник Трајче Чатмов, велешанец кој живее и работи во Скопје. На изложбата се претставени 40 дела, масло на платно во експресионистички стил,создадени во последните три години од неговото творештво.
Тоа што го знам го говорам преку платно и цртежот, така ми е полесно. Се трудев да ја доловам моменталната вистина, која сум ја заробил, иако сопствената висина е најтешко да се зароби. Ова се обични приказни,м поврзани со секојдневните размисли . Нема легенда на сликите, за да може сами да си ги толкуваат посетителите и доживуваат како што чувствуваат. Мислата нема време ниту простор, ова е мои проблесоци за било што - рече авторот Чатмов.
При отворањето на изложбата воведничарот директорката на велешки музеј Анита Мидоска Василовска, кажа дека изложбата повеќе прилега за алтернативен простор, како што е фоајето на Спомен Костурницата, каде според стилот и начинот на работа се надополнуваат Мазев чие дело се внатрешноста на објектот и неговиот помлад наследник Чатмов со нацртани и изложени дела. .
За творештвото на Трајче Чатмов свој осврт направи и Александар Кукулев Сашко
Денешната изложба Баханалии несомнено илустрира и буди фасцинантни перцепции и емоции. Тоа е така затоа што централно значење имаат вечните контрадикторности помеѓу животот и општествениот момент на неговото траење во кои се испреплетуваат алхемиските и морални недостатоци на луѓето, религијата,м смртта верата -потенцира Кукулев.
Трајче Чатмов завршува факултет за ликовни уметности Скопје во 1996 година во класа на проф. Рубенс Корубин , а постдипломски студии завршува под менторство на проф. Родољуб Анастасов сликарство и филозофија(естетика) под менторство на проф. Кирил Темков во 2000 год. Прва самостојна изложба ја има во Охрид 1997 год во склоп на Охридско лето. Други самостојни изложби имал во 2002 Скопје и Велес , 2006 -2008Скопје,Битола ,Кавадарци ,Прилеп и Врање (Р.Србија) , 2011-2013 Скопје, Велес и 2016 во Скопје, 2017 Белград, Софија .
Учествувал на повеќе групни изложби и тоа во Р.Македонија и Минхен(Германија), Варшава(Полска),Канагава(Јапонија),Мурска Субота (Словенија) , Крагуевац (Србија), Велико Трново(Бугарија) , Дубаи и др.
Покрај сликарството се занимавал и со фотографија , анимиран филм и документарен филм за што и имаа добиено неколку награди во 1997год. (најдобра камера и најдобра режија за краток док.филм ,,Времиња,,).
Tweet |