речник контакт

Измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети

Велешанецот вршел продажба преку социјалните мрежи, на мали тегли со по 31 стих од Библијата, како и религиозни книги кои биле претставени како да се со благослов а дека средствата од продажбата ќе бидат употребени во донации за топол оброк за лица бездомници

Петар Печков

По пријава на  МПЦ-ОА Струмичка Епископија, полицијата открила дека велешанец стоел за измама, со продажба на наводно благословени предмети.  Лицето од почетокот на годинава, преку фан страна  на социјалните мрежи, започнал со неговиот бизнис. Деталите од соопштението на МВР.

„На 20.05.2025 во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA - Струмичка Eпископија пријави дека од почетокот на 2025 до 20.05.2025 на социјални мрежи се појавила фан страна со назив „Библиска Македонија“ каде се објавувале религиозни содржини, пораки и кратки исечоци од веќе објавени беседи на Владиката Јаков. Според пријавеното, на страната почнала да се врши продажба на мали тегли со по 31 стих од Библијата, како и религиозни книги кои биле претставени како да се со благослов од Владиката Јаков. На луѓето им било кажувано дека седеле во манастирот во Ново Село и дека биле благословени од владиката. На тој начин, луѓето се доведувани во заблуда да ги купуваат, а дека средствата од продажбата ќе бидат употребени во донации за топол оброк за лица бездомници“ – соопштија од МВР.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за откривање на сторителите.

„Со судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица и СВР Велес извршиле претрес во домот на Д.С.(33 год) од Велес. При претресот се пронајдени и одземени пет мали тегли со пишан цитат од библијата и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Д.С. е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор. На 21.05.2025 во СВР Велес била повикана и Р.С.(27 год) од Велес, сопруга на Д.С., со која бил извршен разговор во врска со делото“ – дополнија од МВР.

Со случајот бил запознаен  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против Д.С. и Р.С. полицијата ќе  поднесе соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »