Петар Печков
Објавено: недела, 05 декември 2021
Постојан е интересот за вакцинација против ковид-19 во Велес изминатите неколку седмици наназад. Неделата што помина има вакцинирано 558 лица, за 13 повеќе од претходната, кога имаше 545. ова е податоците добиени од Здравен дом Велес, од вакциналниот пункт за заштита од корона вирусот.
Цел ноември и овој декември се работи шест дена во неделата, вклучувајќи ја и сабота, со цел да се овозможи што поголем број на вакцинирани. Бројките за измината седмица покажуваат дека со прва доза се вакцинирани 157, со втора доза 144 и со трета доза 257.
„Овој период се вакцинираат лица на возраст од 18 до 40 годишна возраст и тоа со прва доза. Додека лицата над 60 годишна возраст се вакцинираат со трета доза. Од први декември аплицираме исклучиво со вакцината „Фајзер“ -кажа д-р Страхил Тодоров од Здравен дом Велес.
Во пунктот во Уред се вакцинираат граѓани од Велес, селата, но и соседните општини, Градско, Чашка и Лозово.
Заклучно со 28-ми ноември, статистички показатели на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажуваат дека над 12 годишна возраст има вкупно 47,9% , кај категоријата +18, во велешко има одѕив од 52%. а кај вкупна популација процентот е 41,6 отсто.
Tweet |