Петар Печков
Објавено: вторник, 02 ноември 2021
Здравствениот билтен за изминатите 24 часа во велешко регистрирани се 27 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 и 19 оздравени, соопштија од Институтот за јавно здравје. Бројот на активни случаи со корона вирусот е 329 лица, со штоВелес остана на третото место во земјава, после Скопје Куманово.
Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти е ист како вчера 43, од нив 26 се на Инфективно одделение, 11 во Модуларната болница, додека на Интерно се шестмина пациенти.
„Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 29 се потврдено позитивни, 11 се негативни, но со потреба од продолжено лекување а тројца пациенти се непотврдени. На кислородна поддршка се 26 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка болница.
Tweet |