Петар Печков
Објавено: четврток, 18 март 2021
Се одигра 17-тото коло од Третата фудбалска лига Југ. Изненадувачки е поразот на аспирантот за првото место, екипата на ФК Локомотива од Градско дома со 1:2 од ФК Дојранско езеро, која е осмопласирана. Загуби и ФК Превалец на гостувањето во кавадаречка Марена, од истоимената екипа со 3:1 а домаќините се деветто пласирани. Затоа пак ФК Илинден од Башино село одигра нерешено дома, 1:1 со 12-то пласирана екипа на ФК Динамо од прилепско Мажучиште.
По ова коло останува недорамнет пласманот и бодовната разлика во борбата за врвот, бидејќи и лидерот ФК Ново Црнилиште загуби на гостувањето во Големо Коњари од истоимената екипа а ФК Локомотива пропушти шанса да избие ан врвот. Останува е втора со 35 бода,два помалку од прво пласираниот, ФК Превалец е четврти со 21 бод а ФК Илинден е последен 15 со пет бодови.
Во следното коло, в недела ФК Локомотива гостува во Удово на екипата на ФК Младост која е единаесетта со 15 бода, а во Превалец се игра локалното дери ФК Превалец - ФК Илинден БС.
Tweet |