речник контакт

Илјада велешани вакцинирани со прва доза против ковид-19, за два дена, во пунктот во УЗУС

Заврши вакцинацијата со втора доза „Синофарм“ во Здравствен дом

Петар Печков

Продолжува масовната вакцинација за заштита од ковид-19 во Велес. Таа се одвива во спортската сала на средното училиште Коле Неделковски а со ена се опфатени и жителите од соседните општини Градско, Лозово и Чашка.

„Се вакцинираат лица на возраст од 50 до 60 години, тие што се пријавиле преку вакцинација.мк. Изминатите два дена тие беа вакцинирани со „Синофарм“, а вакцинацијата продолжува и утре. За изминати два дена беа вакцинирани  964   лица“ - изјави д-р Марина Тодоровска, координатор на пунктот за масовна вакцинација во Велес.

Претходната седмица  во овој пункт со првата доза беа вакцинирани 1.762 лица, од нив  „АстраЗенека“ примиле 1.005 а „Синофарм“  757. Така досега  во овој пункт вакцинирани се   2.726 граѓани, на возраст од 50 до 70 годишна возраст.

Во Здравствен дом се  пушташе  втора доза вакцина,  на лица над 75 годишна возраст, со кинески „Синофарм“.

„За пет дена со втора доза вакцинирани се 387 лица, со што заврши вакцинацијата. Ќе продолжи кон крајот на месецов, кога ќе треба да се прими втората доза од „АстраЗенека“ - кажа д-р Тодоровска. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »