речник контакт

Илјадинци болни од рак на дојка во Македонија ги лекуваат шестмина субспецијалисти радиолози, велешанки при врвот по бројот на случаи

Карциномот не е само проблем на пацинетот, туку и на цела фамилија. И не е само за жени, имаме пациент од 34 години од Велес кој се лекува во Скопје – рече велешанката Македонка Икономова Давчева

Петар Печков

 Само шестмина радиолози субсецијалисти,  работат со жените кои вршат скрининг  за откривање на рак на дојка, или пост оперативната состојба на овие пациентки. Тие дел од својот живот, приватно, слободното време го посветуваат токму на ваквите случаи.

„Во државата сме шест субспецијалисти по радиодијагностика и ја покриваме цела Македонија. На работа имаме термини за шест -седум пациентки, толку можам во работно време да прегледам. Имаме голем број на пациенти на кои треба да им ги напишеме наодите. Затоа наодите ги читаме дома, во слободно време, кое го посветуваме на овие пациенти. Време се губи додека се добие ЦД  со снимката. Немаме ПАК систем каде може да се најдат сите снмики и радиологот веднаш  да го чита. Резултатите од скринингот  треба да ги добиваат во рок од две недели. Дали тоа го постигнавме, не “ – кажа др Тања Петровска субспецијалист по гинеколошка и мамадијагностика при ЈЗУ Св. Наум Орхидски од Скопје и професорка од Факултетот за медицина Штип.

Таа беше говорник на последната трибина одржана во Велес, за розов октомври а  организирана од Министерството за здравство, наменета за превенција од рак на дојка.
Таа потсети дека ракот на дојка е  водечка болест со висока смртност кај жените, ако не се преземат соодветни мерки. Една на осум жени  заболува според статистика на светско ниво, кај мажите еден од 800 заболува од карцином на дојка.
 За да се избегнат чекањата за термини, таа го презентираше новиот систем на скрининг, кој ги одвојува здравите и болните пациентки, кои мораат да дојдат на контрола. За тоа е потребна пријава на следната страница. 

„Потребно е пациентката да одговори на 23 прашања, по што ќе биде познато дали добива термин. Ако се најде наод промена  кај  пациентката, од  двата радиолози субспецијалисти, дека има потреба од дополнителни претраги, тие пациентки се повикуваат на дополнителни прегледи. Тоа се ултра звук, биопсија, патолошка и цитолошка анализа.  Не секоја грутка во дојка е карцином, може е циста“ – рече д-р Петровска.  

Таа изрази  нездоволство  од одѕивот на пациентите на скрининг програмата, кој е  45 отсто, и поголемиот дел од жените кои добиле термин за снимање, приоѓаат несериозно, не доаѓаат. Дополни доколку  пациентката не може да дојде, нека го откаже, за да дојде друг пациент. Таа  работи  со пациенти од  Велес и констатира дека има доста од градот.

Македонка Икономова Давчева  од здружението „Љубов сме, еми дашури“  ги потврди овие податоци, дека  пациентеит од  Велес се носечки по случаи.

„Велес е број еден со карцином на дојка во Македонија, беше Битола. Мора да се подигне свеста кај граѓаните, со помош на матичните доктори,  докторите  во болница, новинарите. Карциномот не е само проблем на пацинетот, туку и на цела фамилија. И не е само за жени, имаме пациент од 34 години од Велес кој се лекува во Скопје“ – рече Икономова Давчева.

Можно решение за намалување на бројот на случаи е  Центар за дојка. Ова го побара д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари на Македонија.

„Недостигаат Центри за дојки, тие се потребни, како и поголем број на радиолози. Недостига кадар за брзо дијагностицирање.  Велес предводи по рак на дојка во Македонија. Во земјава  има илјада нови случаи годишно“- рече д-р Чолакова Дервишова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »