речник контакт

Имаше или немаше загадување на воздухот со ПМ10 честички во Велес, четвртокот

Мерните инструменти на три од четирите мерни станици на air care, покажуваат дека воздухот бил чист. Мерните инструменти во населба Тунел, покрај реионалниот пат Велес- Чашка вчера во периодот 11-12ч. покажале висок пик на загаденост

Петар Печков

Според мерните инструменти на Министерството за животна средина, вчера, четврток во Велес имавме загаден воздух со средна дневна вредност на ПМ 10 честички од 60 кг/м3.

Според air care, кој ги мери часовните вредности вчера во Велес воздухот бил чист, на трите мерни места - центар, Тодор Јанев, Општина, освен во Тунел. Таму е лоцирана и мерната станица на МЖС и тоа покрај регионалниот пат Велес – Чашка.

Според двете мерни станици пикот бил во четвртокот во 12ч. на мерно место во Тунел. И по овие добиени резултати останува дилемата имавме или немавме загадување на воздухот во Велес со ПМ10 честички.

Пред три години, кога се изведува градежни работи на асфалтот од регионалниот пат, близу мерната станица Тунел, таа три месеци беше исклучена од употреба, поради најрелевантните резултати.

Па по вчерашниот ден останува стручните лица да испитаат колку се веродостојни податоците на мерните инструменти на Министерството за животна средина, со тамошната локација, покрај регионален пат.

Екологистите пак неколку години бараат мерни инструменти во стариот ден на градот, каде повеќето семејства во зимските месеци користат огревно дрво како енергенс за греење, за да се добие реална слика на загадувањето на воздухот во Велес.

Податокот, истражувањето на локалната власт, од пред 10 години покажува дека 70 отсто до загадувањето на воздухот е од домаќинствата, 20 од сообраќајот и 10 од индустријата.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »