речник контакт

Има ли надеж за стечајците од Лозар

Здружението ,,Ленка,, и ,,Магна карта,, аргументирано сметаат дека АК ,,Лозар,, бил општествено претпријатеи во моментот кога е започнат стечајот по што на 150 вработени им следи паричен надоместок до пензија

Петар Печков

Стоипедесет работници на некогашен агро комбинат Лозар од Велес треба да добијат паричен надоместок согласно Законот за стечајци, тврдат од здружението за социјална правда ,,Ленка,, и од асоцијацијата  за социјални и граѓански права ,,Магна карта,, .Тие го истражувале случајот на трансформацијата на  АД ,,Лозар,, и дошле до податоци кои се во целост спротивни со тие што надлежните им го нудат на работниците.   

Сите барања на некогашните вработени од Лозар  кои ги исполнуваат условите и барат надомест како технолошки вишок и стечајци се отфрлени бидејќи  Министерството за труд и социјална политика тврди дека тогаш друштвото било приватно. Но фактите од проучената документација  се спротивни. бидејќи неговата наводна „приватизација“ не можела да се спроведе истовремено и паралелно додека траела и постапката за поништување на оваа операција, побарана од јавниот правобранител – изјави м-р Димче Апасиев претседател на Здружението ,,Ленка,, на прес конференцијата. 

Со вакви аргументи тие настапиле и при преписката со премиерот по што добиле одговор дека ,,дополнително доставените податоци за доминантната сопственост ќе имаат влијание кај поднесените барања  и неостварувањето на правото поради наводната приватизација,, .

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »