Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јули 2022
Неколку именувања на позиции од институции во Велес, дел од нив под локалната власт и едно под државата.
За нов в.д. директор на ЈЗУ Здравен дом Велес е поставен Ристе Богоевски дипломиран правник, кој досега работеше како адвокат. На досегашната в.д директорка д-р Виолета Петкова и исече мандатот од шест месеци.
Во ОУ Васил Главинов, откако му истече четири годишниот матнат на досегашниот директор Сашко Чоков, за в.д. е именуван Драган Коцески одделенски наставник.
Во музичкото училиште Стефан Гајдов, по пензионирањето на директорката Светлана Ташевска за в.д. директорка е поставена Габриела Бачманова, професор по пијано.
Во Народниот музеј, по пензионирањето на Марин Клифов за в.д. е именувана Елица Николоска дипломиран историчар на уметноста – археолог, која претходно во еден мандат беше директор на ова локална културна установа.
Tweet |