Петар Печков
Објавено: сабота, 23 јули 2011
Проекциите направени од Владата покажуваат дека додека населението на Индија растешр со 1,4 проценти во изминатите пет години, Кина има пораст од само 0,6 проценти за истиот период.
Вкупното население на Индија брои 119,8 крори (мерка за десет милиони), Кина 134,5 крори, а Пакистан 18 крори.
Додека населението на Индија ќе порасне на 161,38 крори до 2050, во Кина ќе достигне само 141,7 крори.
Интересно е тоа што населението на Пакистан расте со најголема стапка на овој потконтинет - 2,2 проценти за изминатите пет години.
Индија ќе треба да сподели дополнителен товар од уште 371 милиони до 2026. Од ова, Утар Прадеш ќе има 22 проценти од севкупната популација, Бихар осум проценти, Утараканд еден процент, четирите јужни држави 13 проценти и Мадја Прадеш и Раџахстан по 7 проценти секоја.
Извештајот од Џанасанкија Стирта Кош од Министерството за здравство и семејна благосостојба, вели дека Индија со сегашниот раст во следните 50 години двојно ќе го зголеми своето население, со што одржливиот развој ќе го направи неизвесен.
Друг интересен факт е дека популација на индиските држави е еднаква на вкупното население на многу држави во светот.
На пример, Утар Прадеш со населние од 18,3 крори е голема скоро колку Бразил со 18,7 крори. Махараштра со 10,4 крори е еднаква на Мексико со 10,4 крори, а деветте крори на Бихар се повеќе од 8,3-те крори на Германија.
Во однос на аспектот на планирање на семејството кое беше иницирано во изминатите години, извештајот вели дека стапката на стерилизација е највисока во Чатисгар со 74 проценти, додека во Џарханд постигнати се 68 проценти.
Раџахстан има 73 проценти стерилизација, Утар Прадеш 43 проценти, а Мадја Прадеш 58 проценти.
Според овој документ, главните фактори кои го поттикнуваат растот на населението е високата смртност кај децата, што води кон желба за уште деца, но и затоа што жените се мажат пред да наполнат 18 години и заради бременостите кај тинејџерите.
Текстот е превземен од Тајмс оф Индија - Њу Делхи
Tweet |