речник контакт

Иницијативата за смена на Чадиев симната од дневен ред

Со мнозинство гласови, поради непочитување на процедурата интерпелација за Чадиев засега нема. За опозицијата ова е перфидна игра на власта за вината да ја товри на општинската администрација

Петар Печков


 Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со коалиционите партнери ја симнаа од дневен ред точката  Предлог -решение за разрешување на претседателот на Советот на Општина Велес Славчо чадиев. Тие сметаат дека имало грешки во процедурата па затоа ја оставија за некоја следна прилика.

Оваа точка треба да се симне од Дневен ред оти материјалите за неа беа доставени пред седницата. Не можеме да загледуваме и да дискутираме по нив а  да не ги прочитаме и анализираме – рече Александар Колев координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 Барањето за интерпелација е доставено на 14 септември заедно со образложението. Ја закажувате  дури по еден месец иако ја запазивме процедурата. Треба претседавачот да одговори зошто образложението го добивме дури денес – рече Зоран Ѓоргиев советник на СДСМ. 

Во материјалите што ги добивте за оваа седница пишуваше  дека образложението за оваа точка ќе го добиете, ќе ви биде доставен  дополнително. Тоа се случи денес – изјави Чадиев.


 Ова е перфидна игра со цел да се избегне одговорноста пред Советот и пред граѓаните. Материјалите од наша страна  доставени навремено, пред еден месец  и наместо да се дистрибуираат со останатите се вели ќе ги добиеме  дополнително. И по обичај  вината ја префрлате на вработените во администрацијата – изјави Весна Богоевска Стојанова, советничка од СДСМ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »