речник контакт

Инсектот „боров четник“ ја нападна шумата околу Вршник

Додека велешани се зaгрижени за состојбата на дрвјата, од ЈП Македонски шуми велат надлежноста е кај Министерството за земјоделие

Петар Печков

Боров четник ги нападна садниците во околината на месноста Вршник околу Велес. За состојбата реагираат излетниците и рекреативците, кои во овој период ја посетуваат оваа локација.  Бараат да се најде начин да се сопре неговото ширење, за да не се уништи ова шума.

„Дрвјата се нападнати од боров четник, а таа шума е една од малкуте која е во околината на градот и е  негова природна заштита. Треба да се преземат мерки за да не дојде време дрвата да бидат уништени а со тоа и цела шума“ - велат посетителите од овој дел на градот.  

Од ЈП Македонски шуми уверуваат дека нивните лица задолжени за заштита и екологија, редовно ја следеле здравствената состојба на шумите и два пати годишно изготвуваат извештаи за појава и присуство на растителни болести и штетни инсекти. Тие  се испраќале до Известувачко -дијагнозно прогнозна служба во шумарството при Катедра за заштита на шумите и дрвото на Шумарскиот факултет- Скопје.

„Оваа служба го изготви Годишниот извештај за состојбата на растителните болести и штетници во природните и ново подигнатите насади во државата за 2020 година каде е  предвидено авиотретирање на нападнатите површини со боров четник. Авиотретирањето со инсектицид е во надлежност на Министерството за земјоделие, шумарство согласно Планот за работа на Секторот шумарство. Според животниот циклус на боровиот четник, околу почетокот на април гасениците ги напуштаат гнездата, се закопуваат под земја и излегуваат на крајот на летото. Од тие причини авиотретирањето треба да се изведе во периодот септември- октомври кога ќе има најдобар ефект во уништувањето на боровиот четник“ - соопштија од Сектор за заштита на шумите при ЈП Македонски шуми.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »