Петар Печков
Објавено: петок, 20 ноември 2026
Велешките инспектори за ветерина во акција за спасување на десетина кучиња, кој биле во домот на неодамна починатиот велешанец Ѓоре Станков (62 год). Тој живеел во близина на Којник и по повик од соседи, Агенцијата за храна преку нејзините инспектори излегле на терен.
„По добиена дојава од граѓанин дека во текот на вчерашниот ден починал граѓанин на Велес кој чувал повеќе кучиња во својот дом и издаден налог од Општина Велес за заловување на животните, официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со заловувачи од Регионалниот центар за згрижување на бездомни животни и ветеринарно здравство во општина Кавадарци - “Шепа”, учествуваше во акцијата за заловување. Во домот на починатото лице најдени и заловени се 10 кучиња кои не биле идентификувани со микрочип. Кучињата кои не покажале агресивност при заловувањето ( две биле веднаш вдомени) се сместени во прифатилиштето “Шепа” каде ќе бидат стерилизирани, идентификувани со микрочип и ќе им биде дадена потребната ветеринарна заштита“ – соопшти Велика Атанасова портпарол на АХВ.
Против лицето кое починало, а до понеделникот ги одгледувало кучињата не биле поднесени претставки за неодговорно чување. Тој одговорно се однесувал кон неговите миленици.
Станков живеел сам, немал блиски роднини а почина во понеделникот навечер во автомобил во центарот на градот.
фото илустрација интернет
| Tweet |




